| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал на Чарли Шин – го нападнал стоматологот со нож

Холивудскиот актер, кој многу добро е познат на јавноста по неговите бројни скандали, го испитува полицијата поради инцидентот во кој се обидел да го избоде стоматологот.
Некогашната ѕвезда на серијата „Два и пол мажи“ Чарли Шин, се наоѓа под истрага, бидејќи минатиот четврток го нападнал стоматологот во неговата ординација.
Интернет порталот ТМЗ пишува дека Чарли „пукнал“ во моментот кога стоматологот тргнал да му даде анестезија и извадил нож, што го потврдува и самиот стоматолог наведувајќи дека не се здобил со никакви повреди.
Тој додава дека припадник од обезбедувањето на Шин му рекол дека е на кокаин, па затоа малку „се изгубил“. Полицијата моментално води истрага за овој инцидент, а потоа најверојатно ќе биде покренато обвинение против него за напад со смртоносно оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top