| четврток, 6 декември 2018 |

Им ја згрешиле вакцината -15 деца во Сирија починаа

Неколкуте смртни случаи во Сирија на деца, кои биле вакцинирани против морбили, се должат на „грешка“ направена од партнерска невладина организација, соопшти портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Џожарис.

vakcina

Џожарис не посочи која е партнерската организација, но потенцира оти инцидентот нема ништо заедничко со хуманитарната помош, што и се доделува на Сирија по каналите на ОН.

Според него, место со вакцина против мали сипаници, на децата им бил инјектиран мускулен релаксатор за анестезија.

Светската здравствена организација минатиот месец соопшти дека препаратот бил држан во истите ладилници како и вакцината и дека неговата намена била да ја разредува вакцината.

Во средината на минатиот месец лекар, кој го набљудувал вакцинирањето во регионите на Сирија што се под контрола на бунтовниците, соопшти дека 15 деца, вклучувајќи и бебиња, починале по примање на вакцината.

Лекарот Абдула Аџаџ изјави дека децата имале симптоми на „остар алергиски шок“, а голем дел од нив се задушиле, откако нивните тела се надуле.

Сирискиот амбасадор во ОН побара истрага за утврдување на виновниците за ова „злосторство против човештвото“.

Џожарис изјави дека „тоа што се случило со вакцините е вистинска трагедија“, но дека станува збор за „голема човечка грешка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top