| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Стефановски и „Фрајле“ на 10 октомври во „Сава центар“ во Белград

Vlatko Stefanovski te 1

Гитарискиот виртуоз Влатко Стефановски, кој годинава прославува 40 години од почетокот на неговата музичка кариера, во рамки на прославата на 10 октомври ќе одржи концерт во белградски „Сава центар“ на кој ќе го промовира својот последен студиски албум „Сеир“.

Гости на концертот ќе бидат: камерниот гудачки оркестар на Словенечката филхармонија, унгарскиот виолинист Лајко Феликс и популарната женска група „Фрајле“.

По објавувањето на последниот 32. по ред албум „Сеир“ и по големиот јубилеен концерт во Универзална со кој прослави 40 години на музичката сцена,  Стефановски летово имаше неколку настани низ Македонија, а во август во Куршумли-ан одржа одличен музички перформанс со српскиот гитарист Мирослав Тадиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top