| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија е заинтересирана за стабилизација на Украина

vladimir-putin-najuticajniji-ljudi-svet-1357329808-248845
Русија е заинтересирана за стабилна Украина и се надева дека украинските парламентарни избори ќе придонесат за нејзиното обновување, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

– Се надевам дека украинските парламентарни избори ќе бидат чесни и фер, така што во Украина на крајот ќе настапи долгоочекуваната политичка стабилност – изјави Путин.

Според Путин, како што јави ДПА, Русија сака да ѝ помогне на Украина во завршување на кризата затоа што Москва е заинтересирана да има предвидлив партнер и сосед.

Путин притоа уверува дека за Русија Украинците секогаш ќе бидат братски народ.

Тој изрази надеж дека ќе дојде до стабилизирање на ситуацијата во Украина, во време кога инфромациите од теренот говорат за нови тешки судири што се водат во источниот украински град Донецк.

Таму, и покрај примирјето што стапи во сила на 5 септември, украинските сили и сепаратистите се борат за контрола врз аеродромот. Проруските сепаратисти се обидуваат да го преземат објектот, но засега украинските војници успеваат да ги одбијат нападите, посочи украинскиот армиски портпарол Андриј Лисенко. Тој додаде дека и двата терминала на аеродромот се под контрола на украинските војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top