| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: АРМ останува тоа што е, без оглед кој е министер

Јас веќе го искажав мојот став дека сè уште се свежи сеќавањата на она што се случуваше во Македонија во 2001 година и многу рани не се залечени од тој конфликт. Затоа е чувствителна темата и неговиот избор предизвика такви реакции. Вака претседателот Ѓорге Иванов го коментираше назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана на новинарско прашање.

– Јас, како врховен командант, им порачувам на сите што се во АРМ и надвор од неа дека не треба да се грижат за Армијата. Во мојот мандат се сменија тројца министри, но Армијата остана тоа што е – секогаш со највисоки оценки и за пример во извршување на сите обврски во земјите каде што сме поканети. Ќе се сменат многу министри, врховни команданти, претседатели на држави, но Армијата ќе остане тоа што е, ќе се зацврстува и секогаш ќе биде пример како да функционираат другите институции – изјави денеска претседателот Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top