| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено телото на младата Ивана – силувана, па убиена

505481_ivanapodrascic11408526822670x0_ff

Безживотното тело на 14-годишната Ивана Подрашчиќ, ученичка во ОУ „Светислав Голубовиќ – Митраљета“ од Батајница, којаисчезна пред повеќе од два месеца, е пронајдено во напуштена куќа во Раковица. Според „ Вечерни новости“, инспекторите сметаат дека е убена од човек што има дебело криминално досие. Тој е веќе уапсен. Според српски „Курир“, Ивана била силувана, па убиена.

Девојчето, според тврдењата на родителите, на 29 јули излегло со пријателите и оттогаш никому не му се јавило. Нејзиното исчезнување во полиција го пријавил нејзиниот татко. Тогаш тој изјави дека дека нема време да се занимава со  изчезнувањето на Ивана.

– Ве молам, како отишла каде што отишла така и ќе си се врати. Ова не ѝ е првпат. Јас морам да работам бидејќи имам уште три деца за гледање. Сè е во рацете на полицијата, немам сила да се борам со неа – рече тогаш таткото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top