Еден месец пред истекот на рокот, 1.156 даночни обрзници регистрирале 1.595 фискални апарати со ГПРС уред. До 31 октомври 2014 година се очекува 7.833 даночни обврзници да ја заокружат постапката.
Од Управата за јавни приходи апелираат фирмите да не го чекаат последниот рок и навремено да се обратат кај некој од овластените производители заради обезбедување и регистрација на фискален апарат со ГПРС уред.
Даночните обврзници, чијшто промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, обврзниците што вршат угостителска дејност и бензиските пумпи се обврзани до крајот на октомври да се регистрираат на овој систем. Вкупниот број на овие обврзници е 8.989 со 26.679 фискални апарати.
Другите даночни обврзници на треба да се регистрираат до 31 јануари 2015 година. Нивниот вкупен број е 39.685 со 52.975 фискални апарати.
Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат.
По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, обврзникот може веднаш да го постави фискалниот апарат со ГПРС уред во деловниот објект и да врши регистрирање на готовинскиот промет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УЈП апелира: Трговците да издаваат фискални сметки!
-
Руската војска на Антарктикот го однесе мистериозниот објект „Сандакот на Габриел“ (видео)
-
Ставрески: Преземавме мерки против фирмите кои наплаќаа деактивација на фискалните каси
-
Поблиску до граѓаните, истурени пунктови за „Фискална во рака – награди без мака“



