| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета вработува човек што ќе одлепува мастики

Кралицата Елизабета Втора ја огласи најуникатната работна понуда во која бара маж или жена што ќе биде вработен во шкотската резиденција и ќе има задача да ги одлепува мастиките оставени од невнимателни посетители. Предвидената награда е во износ од 15.912 фунти годишно за 20-часовна работна недела.

Палатата „Холируд хаус“ е официјалната резиденција на кралицата и најважната туристичка атракција во Шкотска. Годишно таа се посетува од околу 250.000 луѓе.

Останатите обврски се изразени во чистење на становите и на тоалетите, како и на скалите (еднаш неделно), полирање на вазните, среброто и на мебелот, поправање на креветите и покривање на мебелот со заштитни навлаки во периодите кога замокот е затворен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top