Португалецот Кристијано Роналдо се враќа на „Олд трафорд“, па макар тоа било и на 90 минути.
Навивачите на Јунајтед ќе имаат можност да го видат својот миленик во ноември, и тоа во натпревар против својот „лут ривал“ Лео Меси.
Португалија и Аргентина договорија пријателска средба на 18 ноември на „Олд трафорд“ каде што Роналдо ќе има можност да се присети на старите убави денови поминати во Манчестер и можеби уште еднаш добро да размисли дали да се врати во тимот на Јунајтед.
Тоа ќе биде вторпат Роналдо да се врати во Манчестер откако најдобриот светски фудбалер си замина во 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Повеќе од илјада пожарникари учестуваат во гаснењето на пожарот во Португалија
-
Португалија се подготвува за пеколен бран: Следуваат денови со температури од 45 степени
-
Роналдо: Целта е исполнета (Фото)


