| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно оној стариот Коби, незапирлив на теренот (видео)

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ги почна подготовките во тренинг кампот пред почетокот на наредната сезона.

На првиот тренинг на најтрофејниот клуб од западната конференција најголемо внимание предизвика Коби Брајант, кој се врати по една година пауза поради повредата на Ахиловата тетива и на коленото.

Коби полека се враќа во неговата препознатлива форма, а не крие дека му е мило што повторно може да се натпреварува.

– Добро е чувството кога повторно можеш да се натпреваруваш. Сега сите сакаат да знаат како изгледам на теренот, јас тоа го разбирам, но јас го работам истото како и секогаш. Добро се чувствувам, малку боли, но тоа е нормално во овие моменти – изјави Коби.

Ставам ладни облоги по секој тренинг. Стив Неш изгледа фантастично на теренот. Повторно е оној стариот Стив. Кај новиот тренер веќе се забележуваат промени, пред сѐ во одбраната – додаде Брајант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top