Холивудската актерска двојка Мила Кунис и Ештон Качер добија ќеркичка.
Мила се породи во болницата „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес во вторникот по локално време, но веста на насловните страници на светските таблоиди се појави дури утрово.
Мила и нејзиниот 36-годишен свршеник Ештон Качер дошле во болницата во вторникот вечер и веднаш се испратени во собата за породување.
Наскоро се очекуваат и првите фотографии на среќните родители со бебето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.