Директорот на Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ги демантираше зборовите што лидерот на СДСМ вчера ги истакна на првиот митинг на партијата.
-Не е првпат СДСМ да измислува и да манипулира со теми што се поврзани со Грција. Црвенковски на овој начин ја оправдува капитулацијата бидејќи на лагите дека ќе има предвремени парламентарни избори никој не му поверува. Неговите зборови се комплетна измислица. Употребата на лаги за да прикрие друга лага го доведува Црвенковски во поголем проблем – истакна Димовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повторуваат дека нема никаков договор за предвремени избори, ниту датум за датум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт