Танчарите на „Брејк а лег“ постигнаа огромен успех пласирајќи се меѓу најдобрите 10 од вкупно 35 репрезентации кои се натпреваруваа на Светското првенство во хип-јоп и брејкденс во Бохум, Р. Германија што се одржа од 23 до 28 септември.
„Брејк а лег“ на Светското првенство се претстави во категориите деца, јуниори и сениори, а најголемиот успех го постигна сениорската репрезентација која го повтори минатогодишниот успех од Светското првенство во Данска и се пласира меѓу 10. најдобрите во светот.
– Ова Светско првенство е најсилното досега, а доказ за тоа е дека „Брејк а лег“ се изборија за полуфинале преку баражот од 5 репрезентации со нерешен резултат: Унгарија, Данска, Англија, Полска и Македонија, каде што македонските танчари повторно го покажаа својот врвен квалитет и доминираа на танцовиот подиум – вели за „Република“ Трајче Петковски од студиото „Брејк а лег“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.