Мојот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, со целосен почит кон Јагнула Куновска, нејзините години и тоа што е дама, нема ни шајка заковано во општина Карпош. Нема право да бара мандат, рече Андреј Петров, кандидат за градоначалник на СДСМ за скопската општина Карпош.
Петров денеска најави низа проекти кои, според него, им се потребни на граѓаните на оваа општина, која била и сака да остане ас во општествениот напредок во Македонија.
– Нашата пионерска иницијатива ќе ја издигнеме на сосема ново ниво. Ќе создадеме нов интернет-простор во кој, освен аспектот на информирање на родителите за активностите на своите деца во училиштето, особено внимание ќе се посвети на потребите и на можностите на децата. Учениците ќе имаат свој простор во кој ќе може целосно креативно да се изразат, да комуницираат меѓу себе, секако под надзор на наставниот кадар, да имаат електронски пристап до целиот наставен материјал и наставен план, од каде што едноставно ќе можат да ги црпат потребните информации – рече кандидатот за градоначалник на СДСМ.
Тој најави изградба на две нови детски градинки, што е дел од неговата изборна програма.
– Едната е во непосредна близина на ова училиште, клон на градинката „Мајски цвет“, во населбата Тафталиџе, која ќе чини околу 500.000 евра, а ќе биде готова до декември годинава. Втората градинка е планирана во Злокуќани, на слободна локација на која се надоврзува планирана зелена парковска површина и реката Вардар, а ќе биде изградена до октомври следната година. Родителите во овие градинки ќе имаат привилегиран интернет-пристап за визуелно следење на активностите на своите деца за време на целиот престој во градинките – потенцираше Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ХДЗ за ново „квалитетно мнозинство“ во парламентот
-
МВР: Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на нападот врз Петров
-
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува нападот на Тодор Петров: Спасовски е срам за македонската држава!
-
Петров: Дали си победил или изгубил се мери со гласови на избори (ВИДЕО)