Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а во попладневните часови постепено ќе има зголемување на облачноста. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 21 до 26 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а кон крајот на денот ќе има наоблачување. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.