Девојче од Тексас, по кое се трагало 12 години, се врати во САД откако беше пронајдено во Мексико.
Сабрина Ален од Тексас имала само четири години кога исчезнала. Дванаесет години потоа, полицијата од Остин, Тексас, на медиумите им потврдила дека Сабрина Ален, е лоцирана во мало гратче југоисточно од Мексико Сити.
Мисијата за пронаоѓање на Сабрина ја спровеле мексикански федерални власти во соработка со властите во САД, а во текот на нејзиното спасување бил повреден еден од мексиканските агенти.
Девојчето, кое сега е тинејџерка, било однесено во полиција откаде заедно со нејзината мајка вчера стасало во Хјустон. Лекарите, сега, ја проверуваат нејзината здравствена состојба.
Имено, биолошка мајка на Сабрина, пред 12 години го грабнала девојчето од нејзините законски старатели по што му се изгубила секоја трaга. Мајката сега е во притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.