Во скопското кино „Милениум“ вечерва се одржа скопската премиера на долгометражниот филм на македонскиот режисер Антонио Митриќески „Деца на сонцето“. Ова е трет филм на Митриќески, по „Како лош сон“ и „Преку езерото“.
Светската премиера на „Деца на сонцето“ беше на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“, а потоа беше прикажан и на фестивалот во Лондон „Реинденс“, каде што беше во конкуренција за награда.
Главните улоги ги толкуваат: Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Kире Ѓоревски, Билјана Таневска, Милица Стојанова, Емир Хаџихафизбеговиќ и други. Филмот се снимаше според сценарио на Гордан Михиќ. Филмот е социјална приказна за македонско семејство, снимена во Преспа.
Екипата вечерва беше дел од премирата во „Милениум“.
Во интервјуто за „Република ТВ“ Митриќески говори за филмот, за соработката со сценаристот Гордан Михиќ, кој ги напиша култните „Среќна Нова 49“, „Дом за бесење“, „Црна мачка, бел мачор“ и за тоа што го очекува филмот по премиерата во Битола.
– „Деца на сонцето“ е топла љубовна приказна со здрав хумор – вели Митриќески во интервјуто.
Целото интервју со Митриќески може да го погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.