
Сликите на Ајрис Грејс, петгодишно девојче кое има неверојатен талент за цртање го одземаат здивот. Таа боледува од аутизам, не зборува, но слика преубаво.
Грејс почнала да слика минатата година и неколку пати добила пофални зборови и понуди од колекционери и галерии за своите слики.

Нејзината мајка вели дека Грејс сака да биде во природа па затоа во нејзините слики има многу зеленило и природа.
– Постојано гледа вода, дрвја, листови, цвеќиња, облаци. Многу ја интересира движењето и како се менуваат работите – изјави нејзината мајка која додаде дека Ајрис е исто така многу музикална.

Малата Ајрис инспирација има и во нејзината мачка Тула, која и прави друштво додека слика.
– Имаше многу споредби со Моне поради нејзниот импресионистички стил. Многумина уметници, дилери и галерии не контактираа за да ја пофалат нејзината работа – изјави нејзината мајка.
Грејс веќе продала слики на приватни колекционери во Велика Британиија, но и во Европа, Америка, Јужна Америка и Азија. Сиот профит од продадените слики таа го вложува во материјал за сликање и за приватни терапии за говор, јога и музички терапии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


