| четврток, 6 декември 2018 |

Сораја полугола сведочела во полиција

soraja-vucelic-zorana-jeftic-1412110456-577222

Старлетата Сораја Вучелиќ (28) била на сослушување во белградската полиција како сведок на убиството на Армин Муса Османагиќ (39) шеф на криминалниот клан од Бар, ликвидиран на 16. септември во кафулето „Севоја“ во Бар. Бидејќи Сораја била меѓу последните која го видел Османгиќ жив, црногорската полиција барала од српските колеги под итно да ја сослушаат. Старлетата на прашањата одговарала саат и пол.

– Откако од медиумите разбрав дека МВР на Црна Гора бара да дадам изјава, сама се пријавив бо белградската полиција. Дадов изјава и раскажав се што знам, бидејќи немам што да кријам – изјави Сораја за српските медиуми.

Старлетата изјавила дека Османагиќ го познавала подолго време, но не биле многу блиски.

– Не знаев дека е мафијаш. Мене не ме интересира што работел, со кого се дружел. Со мене секогаш бил коректен и никогаш не сум имала проблем со него. Ми беше драг и жал ми е поради се она што се случи, но не можам повеќе да помогнам – изјавила наводно Сораја на сослушувањето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top