
Додека во САД траат расправите за пропустите во обезбедувањето во Белата куќа, американските медиуми пренесуваат уште еден скандал. Претседателот Барак Обама, за време на престојот во Атланта, на 16 септември бил во лифт со еден вооружен човек.
Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави инфорамција во која се вели дека Обама, кој бил во посета на Атланта, во Федералниот центар за спречување и контрола на болести, во лифт се возел со еден човек кој бил наоружан.
Еден вработен во приватна компанија за обезбедување се однесувал „малку чудно“ и со тоа го привлекол вниманието на агентот чија должност е да го обезбедува претседателот. И покрај предупредувањето, тој продолжил да ги снима Обама. Кога првиот човек на САД го напуштил лифтот, лицето било приведено и кај него било пронајдено оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вооружени полицајци ќе обезбедуваат одредени меѓународни летови на турски авиони
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Кумановец фатен на дело: Крадел пари од иконите во црква, обезбедувачите го пресретнале додека бегал
-
Ги избркал од казиното, а тие го начекале и го скршиле од ќотек – нападнат обезбедувач


