Крајот на летото го означи стартот на работните ангажмани на Алабакоски. Спотот за песната „Дојди ми”, за која Алабакоски доби субвенции од државата, за помош и поддршка на македонската музика, се снимаше во Охрид.
Музиката и аранжманот се на Јован Јованов а текстот е на Елвир Мекиќ.
Песната е најава за албумот кој што е во подготовка и треба да излезе наскоро.
– Летото секогаш е мој период од годината. Освен што имав време за семејството, напорно снимав и работев на нови песни. „Дојди ми” беше логичен след на настаните. Јован и Елвир се веќе проверено дуо и воопшто не се сомневав дали песната ќе ми се допадне. Спотот пак е само дополнување на музичката приказна – изјави минатогодишниот победник на Скопски фестивал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


