Шест лица се задобиле со телесни повреди во сообраќајката што вчеравечер се случила на влезот на село Доброште на регионалниот пат Тетово-Јажинце, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „голф“ со тетовски таблици управувано од Б.М.( 43 ) од Мала Речица и „застава 101“ исто така со тетовски таблици што ја управувал С.А.( 31 ) од Одри.
– Во несреќата возачот на „заставата“ и пет сопатници од двете возила се задобиле со телесни повреди по што биле пренесени во Тетовската клиничка болница, а тројца од нив биле задржани за натамошна обсервација, рече Јосифовски.
Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил



