| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва скопска премиера на „Деца на сонцето“

deca-na-sonceto04

Актерот Мето Јовановски толкува една од главните улоги во филмот

Третиот игран филм на македонскиот режисер Антонио Митриќески „Деца на сонцето“ вечерва ќе има скопска премиера и тоа во двете киносали во „Милениум“ и во „Синаплекс“. Официјалната премиера е во 20 часот во „Милениум“, а филмот ќе го промовираат актерите, режисерот и дел од екипата.

Светската премиера на „Деца на сонцето“ беше на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“, а потоа беше прикажан и на фестивалот во Лондон „Реинденс“, каде што беше во конкуренција за награда.

Главните улоги ги толкуваат: Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Kире Ѓоревски, Билјана Таневска, Милица Стојанова, Емир Хаџихафизбеговиќ и други. Филмот се снимаше според сценарио на Гордан Михиќ. Филмот е социјална приказна за македонско семејство, снимена во Преспа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top