| четврток, 6 декември 2018 |

Турската Влада ќе создаде орган што ќе се занимава со курдското прашање

turcija1

Турската Влада планира да создаде нов орган, што подобро ќе го координира процесот, насочен кон решавање на курдскиот проблем во земјата, изјави турскиот премиер Булент Аранч, јави БТА.

По седницата на кабинетот вицепремиерот изјави дека советот за координирање на курдското прашање ќе биде со две одделенија – комитет за мировен процес и комисии за координирање.

Задача на комисиите ќе биде да изготват планови за дејствие, а комитетот ќе носи решенија врз основа на нивните предлози и ќе го координира процесот.

Премиерот Ахмет Давутоглу ќе биде претседател на новиот орган, во кој членови ќе бидат вицепремиерите и министрите за внатрешни и за надворешни работи, правда, одбрана, началникот на разузнавањето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top