| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО добива нов генерален секретар

јенс

Поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг, кој денеска ја презема функцијата генерален секретар на НАТО, сака да ја „врати дома“ Алијансата кон Европа, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

Но, развојот во светот би можел да бара нешто друго во однос на таквите заложби на Столтенберг.

– Да, НАТО се сели дома, иако, се разбира, можат да избувнат кризи вон Европа кои ќе го бараат присуството или учеството на НАТО – нагласи во едно интервју пред извесно време Јенс Столтенберг.

Но, тогаш широчината на кризата во Украина не беше позната, а екстремистичкото движење Исламска држава (ИС) беше релативно непознато.

Досега годинава најочигледната конфронтација што ја имаше Алијансата несомнено беше против Русија. Повеќемина аналитичари во тој контекст го потенцираат искуството на Норвежанецот Столтенберг во решавањето на конфликтите со Русија во неговата поранешна улога како норвешки премиер.

Колетивната безбедност во Европа беше тарадиционална улога на НАТО, но прашање е дали тоа е доволно за Алијансдата и натаму да биде релевантна за САД, кои стојат за поголемиот дел од ресурсите на воената алијанса, пишува „Гетеборг-постен“.

Во крајна линија влијанието на генералниот секретар на НАТО е ограничено бидејќи НАТО е управуван од одлуки кои со консензус ги донесуваат земјите-членки.

Инаку,освен генералниот секретар тука и воениот шеф на Алијансата, кој од пред повеќе од една година е американскиот генерал Филип Бридлов, врховен командант на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top