| четврток, 6 декември 2018 |

Девет факти кои Американците ги дознаа за Перо Антиќ

Единствениот македонски кошаркар во НБА, Перо Антиќ, пред почетокот на новата сезона повторно е во центарот на вниманието на американската кошаркарска јавност. Антиќ овој пат се најде на главната страна на веб сајтот на НБА, каде што публиката се запознава со девет интересни факти за него.

pero_antic_skopje_750x480

1. Перо Антиќ е роден во Скопје, во поранешна Југославија, денес Република Македонија и е првиот Македонец кој игра во НБА. 

pero_antic_chocolate_750x480

2. Перо обожава слатки и вели дека неговото омилено чоколадо е „секое чоколадо“.
pero_antic_doggies_750x480
3. Перо има две кучиња. Ахил, пинчер и Зара, чивава. 
pero_antic_friends_750x480
4. Перо би сакал еднаш да биде дел од екипата на неговото омилено ТВ шоу, популарната комедија „Пријатели“.
pero_antic_godfather_750x480
5. Неговиот омилен филм е „Кум“.
pero_antic_italian-food_750x480
6. Омилената храна на Антиќ е италијанската кујна. Кој не сака добра пица?
pero_antic_language_750x480
7. Перо зборува грчки, руски, српски и бугарски јазик. Секако неговиот мајчин е македонски, а зборува и англиски.
pero_antic_lookupto_750x480
8. Неговиот омилен НБА играч е Мајкл Џордан. 
pero_antic_speedracer_750x480
9. Тркач. Ако Перо не станел кошаркар, сигурно би бил возач на тркачки автомобили. Всушност, тој е колекционер на коли, а форд мустанг е возило без кое не би можел да живее. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top