Американскиот претседател Барак Обама изјави дека денешното потпишување на спогодбата за безбедност помеѓу САД и Авганистан
претставува „историски ден“ во односите меѓу двете земји.
Според американскиот претседател договорот е одраз на посветеноста на САД да и помага на авганистанската влада, а воедно ќе му овозможи на Вашингтон да ги обучува припадниците на безбедносните сили во Авганистан и да се спротистави на тероризмот. Обама додаде дека очекува понатамошна соработка со Авганистан со цел заздравување на „суверенитетот, стабилноста, единството и благосостобата“ на оваа азиска држава.
Потпишувањето на денешниот договор во Кабул предвидува останување на десет илјади американски војници во Авганистан, по завршувањето на оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


