| четврток, 6 декември 2018 |

Речиси половина од жените кои се во врска имаат резервен маж

Анкетата која ја направил интернет порталот „ОnePoll.com“ покажала дека речиси половината од жените кои се во врска имаат „план Б“, односно попрецизно – резервен партнер, што некои мажи би ги натерало двапати да се размислат кога ќе се решат вечерта да ја минат со друштвото.

Анкетата која била спроведена на околу две илјади испитанички, докажува дека 43 отсто од жените одговориле дека имаат резервен план доколку нештата со актуелниот избраник не функционираат според нивните очекувања.

Притоа се истакнува дека воопшто не зачудува што „кандидатот Б“ начесто е „стар пријател“, односно оној кој ѝ е „како брат“. Вториот најчест избор е некој кој ѝ е познат просечно околу седум години и големи се шансите нејзиниот сегашен партнер веќе да го запознал. Тоа би можел да биде и поранешен сопруг, момче, колега или некој со кого можеби се среќава на вежбање.

Секоја петта анкетирана жена рекла дека секој десетти резервен партнер ѝ признал дека безнадежно е вљубен во неа и дека поради неа е подготвен сѐ да остави. Загрижувачки е, вели портпаролот на „OnePoll.com“, што секоја четврта жена кон резервниот партнер негува исто толку силни чувства колку и за актуелниот партнер, а дури 15 отсто признаваат дека чувствата кон „кандидатот Б“ се посилни отколку кон моменталниот партнер.

Утешно е, сепак, што секоја трета жена опфатена со ова истражување тврди дека се сомнева дека некогаш што и да е ќе се случи меѓу неа и нејзиниот резервен избраник, а интересно е што 46 отсто од жените кои учествувале во анкетата претпоставуваат дека и нивниот партнер би можел да има „план Б“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top