| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки пратеници сакаат споменик на Александар Македонски

aleksandar makedonskiВкупно 24 пратеници на владејачката грчка партија Нова демократија побараа во Атина на прометно место да се постави статуа на Александар Велики, јави дописникот на МИА.

Пратениците бараат да се постави статуата што ја изработил скулпторот Јанис Папас во 1993 година и за овој чекор отворено се вели дека е поврзан со „националистичкото глорифицирање од страна на Скопје“.

Скулптурата на Папас ја купило грчкото Министерство за култура кога министерка беше Дора Бакојани, и и била доделена на Општината на Атина. Но, од тогаш , статуата е во магацин што ги поттикна пратениците да обвинат дека во Грција се „толерира“ небрежност и опструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top