
Почина кондицискиот тренер на кој кошаркарите на српската репрезентација му ги посветија сите победи на Мундобаскетот. Срѓан Сариќ утрово ја загуби битката со тешката болест. Кошаркарите напишаа пораки на социјалните мрежи веднаш по веста за неговата смрт.
„Целата екипа го поздравува Сариќ. Сакам да порачам дека играме и ќе играме за него и дека секој успех што ќе го оствариме е воедно и негов успех, иако не е со нас. Тој е голем борец и му праќаме голема позитивна енергија“, изјави Радуљица за време на Мундобаскетот.
Поради смртта на Сариќ, цела Србија е обвиена во тага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


