Фудбал за добро утро се игра во Москва и тоа во рамките на врвно натпреварување, какво што е Лигата на шампионите. Секако за младинци, одн0сно за играчи до 19 години, а се работи за мечот меѓу ЦСКА и Баерн Минхен. Натпреварот започна во 10 часот, невообичаен термин за играње фудбал во европски рамки.
Од ланската сезона УЕФА одлучи да се формира младинска Лига на шампиони, нетпреварување што се покажа како полн погодок. Талентите на најреномираните европски клубови добија шанса да играат меѓусебе, а групите се идентични како и тие во сениоорска конкуренција во најзначајното клупско натпреварување на стариот континент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.