
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) почнува информативна кампања за вредноста на бизнис советувањето и трансфер на практично знаење за малите и за средните претпријатија (МСП). Кампањата почнува со три настани во Тетово, Битола и во Скопје.
Информативната кампања се фокусира на вредноста на знаењето за раст на бизнисот и постигнување комерцијален успех, како и на чекорите како да се дојде до практично знаење на субвенционирана основа со помош од ЕБОР.
Кампањата почна во 25 земји, од Југоисточна и Источна Европа до Северна Африка, Русија и Централна Азија.
ЕБОР им помага на малите и на средните претпријатија во Македонија и им овозможува пристап до бизнис советување од 1998 година, со донаторска финансиска поддршка од ЕБОР, Европската Унија, Велика Британија, Холандија, Централно европската иницијатива (ЦЕИ), Португалија, Норвешка, Луксембург и други билатерални донатори. Преку 600 мали и средни компании имаат добиено советодавна асистенција за поддршка на нивниот раст и отворање нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


