
Иако се во врска само два месеци, Крис Мартин е толку воодушевен од својата девојка Џенифер Лоренс што сака да ја запознае со своите деца. Од таа идеја не е воодушевена неговата поранешна сопруга Гвинет Палтроу.
-Крис многу се заљуби во Џен и тие двајца добро се забавуваат. Се се случи многу брзо. А од почит кон Гвинет, не разговарал со неа за новата врска – откри изворот. Но фронтменот на групата „Колдплеј“ сепак ѝ кажал на поранешната дека има намера да ја запознае девојката со Ејпл и Мозес.
-Гвинет беше во шок кога ѝ го кажа тоа. Сепак тоа нема да се случи толку брзо бидејќи Крис сака да биде сигурен дека нивната врска е сериозна пред да го направи тој важен чекор – рече изворот и додаде дека тоа бил голем удар за егото на актерката бидејќи отсекогаш се фалелеа дека „го мота Крис околу малиот прст“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сака да чува кози – Џенифер Лоренс се повлекува од глумата!
-
Косовскиот „отец Лоренс“ уапсен за педофилија во Лондон
-
СДСМ намерно и без основа ги подгреваше протестите за случајот Нешковски, Европскиот суд пресуди дека во овој случај се работело брзо и ефикасно
-
Џенифер Лоренс е најплатена холивудска глумица


