Актерката и оскаровка Џенифер Лоренс со 52 милиони долари годинашна заработка е најдоброплатената холивудска глумица, пишува „Форбс“.
На второ место е Скарлет Јохансон со 35,5 милиони долари, а на трето комичарката Мелиса Макарти со 23 милиони долари.
Весникот пишува дека само четири глумици заработиле повеќе од 20 милиони долари од своите актерски и други ангажмани, додека таа сума годинава ја заработил 21 глумец, што покажува колкава нееднаквост владее во Холивуд.
Претходно овој месец, беше соопштено дека најдобро платен актер годинава е Роберт Дауни Џуниор, со 80 милиони долари заработувачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им одржа лекција на двојно помладите колешки: Сите гледаа во актерката
-
Сите ја колнат: Српската актерка која беше пронајдена мртва криела страшна тајна!
-
Траеше само две минути: Познатата актерка ја призна врската со малолетникот!
-
Славна убавица пронајдена мртва во својот стан: Камерите откриваат морничав детаљ!



