Откако видела дека нема пари за да запише факултет, девојката ја започнува оваа приказна. Им се пожалила на пријателите и тие на шега и рекле дека со нејзината убавина може многу лесно да заработи пари за упис. Па така, поведена од размислувањето на пријателите се решила да ја искористи својата убавина и на таков начин да заработи пари за упис на факултет.- На почетокот ми беше непријатно, бидејќи се згрозував од мислата да бидам со постар маж. Но кога ја направив математиката сфатив дека само од тројца клиенти можат да заработам просечна плата. Првиот клиент беше маж во години. На почетокот ми беше непријатно, бидејќи се згрозував од мислата да бидам со постар маж. Но кога ја направив математиката сфатив дека само од тројца клиенти можат да заработам просечна плата. Сигурна бев дека ова не сакам да го работам цел живот, бидејќи целта ми е да завршам факултет. И така започна се – раскажала 25 годишната девојка, при тоа истакнувајќи дека најчесто клиентите ги нарекуваат девојките со најразлични имиња, а за една вечер плаќаат по 150 евра.
Како што открива таа, до клиент доаѓа преку посредник. Меѓу клиентите има добро ситуирани мажи, политичари, бизнисмени, познати личности но и дека за имиња не смее да зборува.
Но еден ден на договорена средба се појавиле двајца манијаци. Солзите ја спасиле од секс во тројка.
– Средбата беше договорена во хотелска соба. Кога влегов во собата ме пречекаа двајца мажи. Секако, тие сакаа да правиме тројка а јас одбив. По нивното инсистирање и моето одбивање станаа насилни. Почнав да плачам, да молам и викам. На крај еден од нив се сожали и ме пуштија – раскажува девојката.
– Не сум единствена која на овој начин плаќа за своето школување. За жал има многу девојчиња кои се приморани на истиот чекор. Родителите и пријателите нормално не знаат ништо. Во некои држави во Европа проституцијата е легализирана. Така треба да биде и во Босна и Херцеговина. Во западните земји ваквата работа е по прописи. Секоја девојка која се занимава со проституција редовно оди на прегледи и мора да биде здрава – додала 25 годишната девојка од Сараево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неред по улиците на Сараево: Воени ветерани уништуваат и кршат што ќе стигнат (видео)
-
Tрадиционалниот концерт на Сараевската филхармонија, оваа година во знакот на Македонија
-
Проститутката која ширеше сида е уапсена, но најлошите вести допрва стигнуваат: Не се знае кој се е заразен!
-
Уапсена е проститутката која ширеше сида по Србија: Полицијата ја пронајде мигрантката


