
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска се сретна со делегација од градот Равена, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.
На средбата, соопшти Министерството за култура, беа прецизирани деталите околу претстојната изложба на Мозаиците од Равена, која ќе биде отворена на 22 октомври во новиот Археолошки музеј во Скопје. Станува збор за 30 мозаици, односно првите реплики од импресивните наоди од базиликата Сан Витале во Ревена, кои се едни од најимпресивните светски археолошки наоди и се интегрален дел од христијанската базилика „Сан Витале“, која е заштитена од УНЕСКО и е една од најзначајните примероци на раната христијанска византиска уметност и архитектура во западна Европа.
Изложбата, како што се наведува, е една од активностите во рамки на програмата со која оваа година се одбележува претседателството на Република Италија со Европската Унија.
На средбата, меѓу другото, стана збор и за богатото македонско културно наследство, како и за македонското претставување на Археолошката берза во Пестум, Италија, стои во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


