| четврток, 6 декември 2018 |

Една компанија од Македонија меѓу најголемите 100 во ЈИЕ

Johnson Meti

„Џонсон мети“ на 62. место е единствената фирма од Македонија рангирана меѓу првите 100 најголеми компании во Југоисточна Европа во 2013 година во истражувањето „ТОП 100 ЈИЕ“ реализирано од бугарската агенција „Се њус“ (SeeNews) од Софија.

Истражувањето опфаќа и рангирање на најголемите банки и осигурителни компании во Југоисточна Европа, а најдоброрангирана македонска банка е Комерцијална банка на 54. место, Стопанска банка е 57., а НЛБ Тутунска банка се наоѓа на 69. место. Најдобра македонска осигурителна компанија е „Тргилав осигурување“ на 64. место, „Еуролинк осигурување“ е на 85. место, а „Македонија Скопје  – Виена иншуранс груп“, поранешна „Кјуби Македонија“ е на 90. место.

Од најдобрите македонски компании ОКТА е на 103. место, ЕВН Македонија на 105., Макпетрол на 143., Електрани на Македонија на 209., „Фени индустри“ на 266., Македонски телеком на 313., Т-мобиле Македонија на 334., “Лукоил Македонјија“ на 337. и „Акчелормитал Скопје“ (ЦРМ) на 354. место.

Првото место на рангирањето за најдобра компанија во Југоисточна Европа го зазема романската нафтена компанија ОМВ Петром со приход од 4,27 милијарди евра и нето профит од 1,08 милијарди евра. На рангирањето доминанти се и другите нафтени компании од регионот меѓу кои и ОКТА, која се наоѓана 103. место. Наjдобра банка во регионот по четврти пат е романската Банка комерцијала Романа, а најуспешна осигурителна компанија е „Заваровалница Триглав“ од Љубљана со удел од 605,8 милиони евра во осигурителниот пазар на ЈИЕ.

„ТОП 100 ЈИЕ“ е годишно рангирање на најуспешните и најголемите компаниии во Југоисточна Европа. Во него се вклучени анализи и интервјуа за перформансите на компаниите, нивните планови и очекувања за пораст, индустрискиот развој и предизвиците со кои се соочува економијата на земјите од ЈИЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top