| четврток, 6 декември 2018 |

Истрага на српското МВР за инцидентот со братот на премиерот Вучиќ

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави дека ќе биде спроведена истрага за инцидентот во кој е претепан Андреј Вучиќ, братот на премиерот, а полицајците што учествувале во него веројатно ќе бидат суспендирани до завршување на истрагата.

andrej-vucic-tuca-policija-foto-printskrin-tv-n1-1411921995-576185

– Во консултации со командантот на жандармеријата и директорот на полицијата, наредив спроведување истрага. Ќе добиеме извештај што се случило и веројатно ќе ги суспендираме тие луѓе до завршување на истрагата. Само мора да го идентификуваме, врз основа на снимки, секој што учествувал во инцидентот – истакнал Стефановиќ, додавајќи дека МВР ќе се потруди да ги реши сите слични случаи.

Тој не сакал да открие детали во врска со инцидентот, кој се случи вчера за време на Парадата на гордоста, потенцирајќи единствено дека станува збор за единица од Ниш, а сите други информации ќе бидат изнесени кога ќе заврши целосната истрага.

– Не постои оправдување за такво однесување – објасни српскиот министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top