| четврток, 6 декември 2018 |

Дванаесет загинати во најтешката пресметка неделава во источна Украина

Источна Украина го преживува најтешкото насилство во последната недела, откако во борбите меѓу проруските бунтовници и владините единици во регионот загинаа најмалку 12 лица, а 32 се ранети, пренесоа американските медиуми.

Украински претставник денеска на прес-конференција во Киев изјави дека во последното деноноќие биле убиени најмалку девет војници, а 27 биле ранети.

Градскиот совет во Доњецк соопшти дека најмалку тројца цивили загинале, а петмина биле ранети во гранатирањето од изминатата ноќ на станбена зона во северниот дел на градот, каде во епицентарот на борбите се наоѓа и аеродромот што е под контрола на Владата.
Crisis in Ukraine, Lenin statue toppled in Kharkiv

Насилството во источна Украина продолжува и покрај примирјето што беше прогласено на 5 септември.

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, на скептично расположената домашна јавност се обидува да и докаже дека функционира неговиот мировен план, забележуваат американските медиуми.

Откако во април почнаа борбите во земјата, во конфликтот загинале најмалку 3.500 лица.
Mourning ceremony of Babi Yar victims in Kiev

Минатата недела претставниците на Русија, Украина и сепаратистите потпишаа уште една спогодба. Според неа, и двете страни треба да го повлечат своето тешко вооружување од линијата на фронтот, создавајќи тампон зона, што ќе овозможи примирјето да се применува многу подобро, дополнуваат американските медиуми.

Околу 39 проценти од жителите сметаат дека Украина е демократска земја, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на резултати од анкетата што денеска беше објавена од украинскиот деловен весник „Капитал“. Спротивното мислење го имаат над една четвртина од Украинците (28 проценти) и изјавуваат дека нивната земја не споделува вредности што се карактеристични за демократиите.

ФОТО: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top