В среда, на 1 октомври, во 20 часот во кино „Милениум“ ќе се одржи премиера на најновиот македонски филм „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митриќески.
Улогите во филмот ги толкуваат Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Билјана Таневска, Емир Хаџихафизбеговиќ, Милица Стојанова.
По премирата филмот ќе биде на редовниот репертоар на кино „Милениум“ во термините од 20 и од 22 часот.
Филмот, чија светска премиера беше во Лондон, на меѓународниот фестивал „Реинденс“, е приказна за семејството и лојалноста, љубовта и загубата, предавството и искупувањето.
Додека мафијата го уништува животот на едно големо семејство и ги остава на работ на егзистенција, силна и тајна љубов се разгорува меѓу Марко (гангстер) и Ангела – двајца млади љубовници. Одеднаш среќата му се насмевнува на семејството…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.