| четврток, 6 декември 2018 |

ХРВ: Турската влада не е толерантна кон опозицијата, проопозициските медиуми и граѓанските протести

Erdogan

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) упати критика кон турската влада поради обидите за ограничување на независноста на правосудниот систем и слободата на медиумите, објави „Хуриет дејли њуз“.

ХРВ го критикува и кршењето на човековите права во Турција за време на премиерскиот мандат на Реџеп Таип Ердоган.

Во извештајот на ХРВ се посочува дека на турската влада ѝ недостига толерантност кон опозицијата, како и кон проопозициските медиуми, а не го почитува правото на граѓански протести.

ХРВ го критикува и полициското насилство за време на протестите во 2013 година, како и Законот за националната разузнавачки служба, со кој се зголемуваат нејзините овластувања и привилегии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top