| четврток, 6 декември 2018 |

„Сунѓерот Боб“ непожелен во Казахстан

SungerotBob

Омилениот лик од детските цртани филмови „Сунѓерот Боб“ е „насилник што ги расипува детските умови“, сметаат казахстанските политичари и стручњаци, јавија локалните медиуми.
Службениците на казахстанското Министерство за образование, откако изгледаа неколку епизоди, ги посоветуваа родителите да не ги пуштаат децата да го гледаат познатиот анимиран филм. Сметаат дека „Сунѓерот Боб“ создава култура на хулиганство, насилство и насилничко однесување.
Претседателката на Одборот за заштита на правата на децата, Забира Оразалиева, рече дека цртаниот лик „има негативно влијание на умовите на децата“.
Се додава дека „Сунѓерот Боб“ редовно нанесува насилство на другите во својата заедница и се чини дека ужива во тоа, а тоа влијае штетно на децата.
– Тоа шокантно однесување останува во детскиот ум и влијае на тоа и самите да се однесуваат така – рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top