| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват ја породил сопругата во автомобил (ФОТО)

После четири девојчиња, Хрват доби син, на кого самиот му помогна да дојде на свет.

Оваа несекојдневна приказна започнала рано наутро, минатата сабота, на мост во Задар, кога младата мајка не можела веќе да ги издржи породилните болки и пред да стигне во болница се породила во автомобилот.

Сопругот породувањето го извршил со помош на доктор од Брзата помош, кој му давал инструкции по мобилен телефон, додека таму да пристигне амбулантото возило.

Кога болничарите пристигнале, бебето веќе било завиткано во ќебе, а возбудените сестрички гордо изјавиле: Добивме братче!

Извор: Антена Задар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top