Фудбалерите на Баерн доживеаја непријатно изненадување во Москва пред натпреварот во Лигата на шампиони против ЦСКА.
Во текот на ноќта некој во хотелот го активирал противпожарниот аларм, па поради тоа фудбалерите завршија на улица.
Пеп Гвардиола и поснаодливите си зеле ќебе во ладната ноќ, а раководството на клубот брзо реагирало и ги однело играчите во најблискиот отворен ресторан.
Строгиот Гвардиола на фудбалерите им дозволи да спијат еден саат подоцна поради непријатното изненадување.
Натпреварот е закажан за вторник во 20.45, а можно е и навивачите на ЦСКА да стојат зад сето тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






