Во големото дерби на Џенова, Сампдорија со голот на Габијадини успеа да го совлада градскиот ривал со резултат 1-0.
Маноло Габијадини во 75. минута беше стрелец на победоносниот гол кој ја врати Сампдорија на 3. место на табелата, а дали ќе остане таму по оваа рунда зависи од резултатот на вечерашниот натпревар меѓу Удинезе и Парма.
Покрај средбата во Удине, вечер играат и Палермо – Лацио.
Резултати на досега завршените натпревари: Сасуоло – Наполи 0:1, Чезена – Милан 1:1, Киево – Емполи 1:1, Интер – Калјари 1:4, Торино – Фјорентина 1:1, Џенова – Сампдорија 0:1, Рома – Верона 2:0 и Аталанта – Јувентус 0:3.
Табела: Јувентус 15 бода, Рома 15, Сампдорија 11, Удинезе 9, Интер 8, Милан 8, Верона 8,..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


