Предлог-законот за забрана на употреба на симболи на терористички организации, како Исламска држава и Ал каеда, во јавноста е предаден на разгледување во австрискиот парламент.
Во согласно со предлогот, секој што не го почитува законот и носи симболи на ИД на јавно место му се заканува казна до шест недели затвор.
Законот, кој во Парламентот го достави на разгледување министерката за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер, како што се истакнува, не е насочен против верски обележја.
Симболите, како што се знамиња, ознаки или амблеми на ИД, на Ал каеда и на групации блиски на тие терористички групи во иднина ќе бидат забранети во Австрија, порачуваат претставници додавајќи дека е забрането и користење интернет.
Предлог-законот за непочитување предвидува казна од 4.000 евра, односно до еден месец затвор. Тие што повторно нема да го почитуваат законот ќе бидат казнети со 10.000 евра, односно до шест недели притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Укинување на руската блокада по фитосанитарната истрага во Македонија
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец