Градските власти на Донецк соопштија дека во синоќешниот артилериски напад на укранската армија загинале шест цивили и тројца припадници на проруските сили.
Претставник на самопрогласената Донецка народна република изјави дека украинската артилерија вчера цел ден гаѓала станбени квартови, при што се повредени 18 луѓе.
Проектилите погодиле две трансформаторски потстаници на фабрики во северверниор дел од Донецк, поради што 37 потстаници останале без електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.