| четврток, 6 декември 2018 |

Научна соработка меѓу скопскиот, истанбулскиот и софискиот универзитет

Kiril-i-Metodij-spomenik-320 Трилатерална средба за научна соработка меѓу водечките универзитети и академии на науки на Република Македонија, Република Турција и Република Бугарија ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

На средбата ќе присуствуваат ректорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот во Истанбул и на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, како и претседателите на Македонската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките и Бугарската академија на науките, придружувани од делегациите на соодветните институции.

Свое обраќање на состанокот ќе има министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

Трите универзитети ќе ги дефинираат заедничките приоритети за соработка во повеќе научни области што е од особено значење за заедничко учество и подобро искористување на европските и други истражувачки и развојни фондови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top