| четврток, 6 декември 2018 |

„Авалон“: Oва го нема ни во Лајковац

Од македонската продукција се револтирани од се полошата понуда на телевизиите, каде доминираат емисии од српска продукција. По острите коментари на сметка на „Ѕвездите на Гранд“, од „Авалон“ реагираат и на преносот во живо од настапот на Аца Лукас на „Пастрмалијада 2014“ во Штип.

– Продолжува навредата на интелигенцијата на граѓаните на Република Македонија. Директен пренос од 23 часот од Пастрмалијада со концерт на Аца Лукас. Па, ова го нема ни во Лајковац! – велат од продукцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top