| четврток, 6 декември 2018 |

Стојановски го освои германскиот Суперкуп

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски со својот клуб Алба Берлин го освои трофејот во германскиот Суперкуп.

Алба синоќа го совлада Баерн Минхен со 76:68, а во поголемиот дел од натпреварот имаше двоцифрена предност. На полувреме резултатот изнесуваше 45:25.

Стојановски даде 13 поени исто колку и Најлс Гифи, а поефикасен од нив беше Џејмел Меклин кои имаа по 15 реализации.
Кај Баерн се истакна Џон Брајант со 14 реализации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top